КАМИОН ПРЕГАЗИ ПЕШАК НА ПАТОТ ОРЕШАНИ-ЗЕЛЕНИКОВО Тешко повреден 78-годишен жител на Студеничани
Според информациите од полицијата, камионот „мерцедес“ го управувал 38-годишен жител на селото Усје.
Тешко е повреден 78-годишен пешак откако вчераутро бил удрен од товарно возило на локалниот пат меѓу селата Орешани и Зелениково.
Според информациите од полицијата, камионот „мерцедес“ го управувал 38-годишен жител на селото Усје.
Повредениот пешак, кој е од Студеничани, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.
За околностите под кои дошло до несреќата е извршен увид.