ТИНЕЈЏЕР НА МОПЕД ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО АЕРОДРОМ Се судрил со автомобил
Според полицијата, во судирот учествувале автомобил „сеат“, управуван од 31-годишен скопјанец, и мопед управуван од 19-годишник од Скопје.
Ноќеска, дваесет минути по полноќ, на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 19-годишен мопедист.
Според полицијата, во судирот учествувале автомобил „сеат“, управуван од 31-годишен скопјанец, и мопед управуван од 19-годишник од Скопје.
Повредениот мопедист е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата изврши увид, а причините за несреќата се утврдуваат.