ЈА БАРАЛ ЌЕРКА Ѝ, ПА ЈА СКРШИЛ ВЛЕЗНАТА ВРАТА Велешанец приведен по напад врз постара жена

Мажот дошол пред куќата барајќи ја ќерката на жената, но бидејќи таа не била дома, ја нападнал сопственичката и ја искршил вратата. При интервенцијата, полицијата утврдила дека осомничениот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,11 промили алкохол во крвта.

0

Триесет и едногодишен жител на Велес е приведен откако, според пријавата, физички нападнал 71-годишна сограѓанка и ја оштетил влезната врата од нејзиниот дом. Настанот се случил вчера вечер.

Мажот дошол пред куќата барајќи ја ќерката на жената, но бидејќи таа не била дома, ја нападнал сопственичката и ја искршил вратата. При интервенцијата, полицијата утврдила дека осомничениот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,11 промили алкохол во крвта.






За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото документирање против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани содржини