РАМКОВНИОТ ДОГОВОР НЕ Е СОПСТВЕНОСТ НА ДУИ Партијата ВРЕДИ ги спореди своите 2 со 24 години на ДУИ

За 24 месеци, децентрализацијата ја претворивме во конкретна политика, со реални средства и заслужен удел за општините. Обезбедивме 100 милиони евра за повеќе од 1.200 проекти во општините. За 24 месеци, го решивме статусот на медресантите, официјализиравме три факултети, инвестираме во кампусот на Мајка Тереза и потпишавме колективни договори со нашите универзитети, вели Мустафа Даути од ВРЕДИ.

55

Охридскиот договор не е сопственост на ДУИ и не е нивен имотен лист, вели партијата ВРЕДИ во соопштение.

– Тој договор е резултат на жртвувањето и напорите на еден цел народ. Во 24 години власт на оние што си го присвоија тоа наследство, Албанците видоа сè, но најмногу недовршени проекти и привремени решенија без суштински резултати – изјави на прес-конференција Мустафа Даути.






Даути вели дека во изминатите 24 години, Албанците никогаш не го виделе вистинското спроведување на децентрализацијата. Според него, доволно е да се погледнат општините со кои управуваа овие самопрогласени патриоти и сликата станува сосема јасна.

– Во текот на 24 години, уставниот принцип што произлегува од Охридскиот договор – правичната и соодветна застапеност, никогаш не го претворија во закон. 24 години слушавме многу ветувања, а видовме многу малку резултати за автопатот Скопје–Блаце. Го ветуваа во 2008, 2011, 2014, 2017, 2020 и 2023 година. Исходот секогаш беше ист, одолговлекување, недовршени работи и пропаганда. Ова е политичкото досие на една власт која 24 години зборуваше во име на Албанците, а работеше за сопствени интереси.

 

Даути тврди дека во изминатите 24 месеци, откако ВРЕДИ ја доби довербата на Албанците да ги претставува, партијата отворила процеси што ДУИ не ги отворила ниту за две децении.

– За 24 месеци, правичната и соодветна застапеност конечно добива законско решение. Го унапредуваме Охридскиот договор. Во изминатите 24 месеци, преку Оперативниот план за вработување, едно од највредните достигнувања на владата во која учествува ВРЕДИ, отвораме можности за вработување, самовработување и поддршка на младите, со цел да го запреме иселувањето.

Понатаму во говорот, Даути истакнува дека за 24 месеци, автопатот Скопје–Блаце од долгогодишен застој премина во фаза на реализација и деблокирање.

– За 24 месеци, Коридорот 8 повеќе не се користи за пропаганда. Денес се работи на терен, се градат патишта, се поврзуваат општините и се создава развој. За 24 месеци, децентрализацијата ја претворивме во конкретна политика, со реални средства и заслужен удел за општините. Обезбедивме 100 милиони евра за повеќе од 1.200 проекти во општините. За 24 месеци, го решивме статусот на медресантите, официјализиравме три факултети, инвестираме во кампусот на Мајка Тереза и потпишавме колективни договори со нашите универзитети.

Сонцето не може да се скрие со сито, порачува Даути во името на партијата ВРЕДИ.

„Тие од ДУИ го користеа Охридскиот договор за да ги полнат своите џебови, а ние градиме во општини, носиме закони и нудиме решенија“, се вели во партиското соопштение на ВРЕДИ.

Поврзани содржини