СОНЦЕ, ТОПЛИНА И ГРМЕЖИ НИЗ ЗЕМЈАТА Метеоролозите предупредуваат на нагла промена во делови од државата

Метеоролозите најавуваат сончево и топло време со температури до 38 степени, но попладне во планинските региони се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

82

Метеоролозите информираат дека земјата ја очекува период на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и температури кои на одредени места ќе достигнат и до 38 Целзиусови степени. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне, особено во планинските региони, се очекува појава на локална нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






Минималните утрински температури ќе се движат од 12 степени во Берово до 19 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнуваат од 28 степени во Маврово до 38 степени во Скопје.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 19 до 38 степени.

Во следниот период се очекува стабилно, но топло време. Во недела ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од источен правец.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а максималните ќе достигнуваат од 31 до 38 степени.

Според прогнозата на УХМР, за понеделник се најавува слична временска состојба – сончево и топло со локална облачност и слаб до умерен источен ветер. Температурите ќе се движат од 13 до 21 степен наутро, а преку ден ќе достигнуваат од 32 до 39 степени.

Поврзани содржини