ЗАВРШИ ПРИКАЗНАТА ЗА ФАБРИКАТА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО ТЕТОВО Запрен договорот за државна помош за компанијата „е.ГО“

Компанијата „е.ГО“ требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово.

880

Поради несолвентност на компанијата „мајка“ се запира извршувањето на Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ.

„Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош“, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.






Од ТИРЗ нагласуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

„За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации“, посочуваат од Дирекција за ТИРЗ.

Компанијата „е.ГО“ требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово.

ТЕТОВСКИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ НЕМА ИДНИНА Дури и да го бидне, никој нема да го купува и да полни струја на 200 километри!

ЈА ИМАМЕ ВТОРАТА ИНВЕСТИЦИЈА ОД НАД 100 МИЛИОНИ Целосно производство на електричните возила e.GO во Тетово

И ПО 21 ГОДИНА ИМАМЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА, НО СЕГА ДОГОВАРАМЕ ИНВЕСТИЦИИ Ковачевски им посака добредојде на германските инвеститори

Поврзани содржини