Застанал пред наплатна станица, возилото се придвижило и го усмртило

Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

694

Ноќеска во 1.30 часот било пријавено дека на автопатот Свети Николе – Скопје, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и Б.К. излегол од возилото.

Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини