Заев: Ќе го почитуваме редот, а со вакцинацијата јас и министрите ќе бидеме пример за сите

Не се сметам дека сум од највозрасните, но се сметам за еден од експонираните и веројатно мојот ред ќе дојде тогаш кога ќе биде потребно да ги охрабриме оние што се мислат - рече Заев.

365

Премиерот Зоран Заев денеска порача дека не сакаат да го нарушат редот на имунизација со тоа што се високопозиционирани во општеството со својата општествена функција. Тој и министрите ќе бидат пример за да ги охрабрат граѓаните да се вакцинираат против ковид-19, но сакаат да го испочитуваат редот и редоследот на вакцинацијата и предност да им дадеме на повозрасните граѓани и хронично болните, паралелно со најекспонираните и најизложените на пандемијата.

– Имаме јасно дефиниран систем на вакцинација под координација на Министерството за здравство кој тера и ќе дојде и мојот ред. Не се сметам дека сум од највозрасните, но се сметам за еден од експонираните и веројатно мојот ред ќе дојде тогаш кога ќе биде потребно да ги охрабриме оние што се мислат – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.






Нагласи дека никој не треба да се мисли да се имунизира и додаде дека сите ќе треба да го почитуваме редот, да се пријавиме преку своите матични лекари во системот за вакцинација за, како што рече, на најефикасен начин да се избориме со пандемијата.

– Вакцината е борбата со пандемијата и ќе биде успехот на победата над пандемијата што ќе ја постигнеме. Треба да го почитуваме редот на вакцинација и при тоа треба да бидеме и пример за сите за делот на вакцинацијата. Верувам дека нашиот ред ќе дојде токму тогаш кога ќе треба да пратиме дополнителна порака и мотивација за сите оние кои евентуално се уште се мислат дали да се вакцинираат или не – рече Заев и додаде дека очекува да има масовна вакцинација на населението со вклученост на сите.

Поврзани содржини