ВОЗОВИТЕ ЗАПИРААТ, АВТОПАТИТЕ СЕ ЗАТВОРААТ, ПРОГЛАСЕНО И НАЈВИСОКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Германија врие на 40 степени

Експертите забележуваат дека вистинскиот врв на топлината доаѓа дури доцна попладне, помеѓу 16 и 17 часот, кога земјата би можела да биде сведок на ново рушење на историските рекорди

3

Германската метеоролошка служба (DWD) издаде виолетово предупредување за екстремни температури за целата земја – највисокото можно ниво на тревога што никогаш порано не е забележано за целата земја.

Иако веќе во пладневните часови се мерат температури близу до неверојатни 40 степени Целзиусови, експертите забележуваат дека вистинскиот врв на топлината доаѓа дури доцна попладне, помеѓу 16 и 17 часот, кога земјата би можела да биде сведок на ново рушење на историските рекорди.






Воведот во овој пеколен викенд беше повеќе од жесток: во сојузната покраина Сарланд, апсолутниот национален рекорд веќе беше срушен во петокот со измерени 41,3 степени, проследено со тропска ноќ во која живата никаде не падна под 20 степени, што не им донесе олеснување на возачите и граѓаните.

Според дипломираниот метеоролог Доминик Јунг, земјата сега воспостави екстремна „базна топлина“ која акумулира топлина на час по час. Поради вонредните околности, Германското здружение на градови и општини упати драматичен апел до јавноста итно да започне со штедење на водата за пиење и граѓаните да користат здрав разум пред властите да бидат принудени да воведат официјални и ригорозни забрани за потрошувачка.

Екстремната топлина буквално ја уништува транспортната мрежа на земјата. Поради сериозни и опасни штети предизвикани од ширењето на асфалт и бетон (експлодирање), автопатот А2 помеѓу Цизар и Валин во правец на Потсдам, како и клучниот дел од Берлинската обиколница – автопатот А10 помеѓу Маркано и Хелерсдорф во правец на Франкфурт на Одра, беше итно затворен. Полицијата и Autobahn GmbH официјално ги предупредуваат возачите дека во секое време се можни нови пукнатини на коловозот.

Поради неподносливите температури, приватниот железнички оператор National Express во покраината Северна Рајна-Вестфалија (NRW) донесе радикална одлука целосно да го прекине сообраќајот на линиите Рајна-Рур-Експрес во сабота помеѓу 13.00 и 19.00 часот.

Станува збор за превентивна мерка за заштита на патниците и персоналот, за да не се случи смртоносно сценарио во кое стотици патници би биле заробени на отворената железница во вагони без климатизација на плус 40 степени.

Додека внатрешноста се загрева, на северниот брег помеѓу Јевер и Стаде ДВД издаде вонредно предупредување за штетни бури со град, обилни дождови и ветрови со јачина до 70 км/ч.

 

Поврзани содржини