ГОРИ ЦЕНТРАЛНА ГРЦИЈА Пожари избувнаа во близина на Агиос Василиос и кај Пелазгија

Граѓаните се повикани да бидат во состојба на готовност.

73

Во близина на градот Агиос Василиос, во Беотија, во централна Грција, избувна пожар во шумска област, поради што беше активиран системот за предупредување за итни случаи 112, со кој граѓаните беа повикани да бидат во состојба на готовност.

На местото на пожарот беа распоредени големи сили на грчката противпожарна служба, објавува Катимерини.






51 пожарникар од две пешадиски единици и 17 противпожарни возила учествуваат во гаснењето. Од воздух, операцијата е поддржана од три авиони и три хеликоптери, од кои едниот е наменет за координација на акцијата.

Претходно пожар зафатил и ниска вегетација во областа на Пелазгија, во областа на општина Стилида, во централна Грција. Според соопштението од Грчката противпожарна служба, пожарот избувнал на земјоделско земјиште, далеку од населени места и инфраструктура.

Поврзани содржини