ВОЗЕЛ СО 1,99 ПРОМИЛИ И УДРИЛ ВО ВОЗИЛО Кавадаречката полиција уапси 53-годишен маж по опасна сообраќајка

462

Педесет и тригодишен жител на Кавадарци бил лишен од слобода откако во алкохолизирана состојба предизвикал сообраќајна несреќа на улица во градот, при што удрил во друго возило, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

„На 24.04.2025 година полициски службеници го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци, кој со возило ‘мерцедес’ со кавадаречки регистарски ознаки удрил во патничко возило ‘опел’, управувано од З.Ѓ.(58) од Кавадарци“, информираат од МВР.






По извршен алкотест било утврдено дека возачот управувал со автомобилот со 1,99 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава за „безобѕирно управување со моторно возило.

Поврзани содржини