ВОЗАЧ НА ИТНА ПОМОШ ПОЧИНА ПО НАПОРНАТА РАБОТА Иле Гоцевски цел ден превезувал повредени од пожарот во Кочани

Возачот Гоцевски долги години работел во Итната медицинска помош и посветено им помагал на граѓаните во најтешките моменти.

2,937

Утрово нова трагедија во Кочани, почина Иле Гоцевски, долгогодишен возач на Итната медицинска помош, човек кој несебично им помагаше на граѓаните во најтешките моменти.

Неговите колеги од Општата болница Кочани се во шок и неверување. Вчера, како и секој ден, беше на терен, транспортирајќи пациенти и повредени лица, секогаш посветен на својата работа. Но, по напорниот ден, се вратил дома да одмори и, за жал, не се разбудил.






За Гоцевски сведочат како за професионалец и човек со големо срце – подготвен да помогне во секој момент, без разлика на времето и условите. Неговата пожртвуваност и човечност ќе останат запаметени.

Оваа ненадејна загуба е тежок удар за неговото семејство, пријателите и колегите. Кочани денес се простува од човекот кој животот го посвети на спасување животи.

Поврзани содржини