Во шише пронајдена порака стара 95 години и вратена кај ќерката на писателот (ВИДЕО)
Белешката, од ноември 1926 година, гласеше: „Дали лицето кое ќе го најде ова шише ќе му го врати овој труд на Џорџ Мороу, Мичиген и ќе каже каде е пронајдено?“.
95 години стара порака во шише открила нуркачка во реката Чебојган во Мичиген и ја вратила на ќерката на човекот кој ја напишал.
Џенифер Доукер, сопственичка на „Nautical North Family Adventures“, пливала во реката во петокот за да исчисти еден од прозорците на нејзиниот брод со стаклено дно, кога го пронашла шишето, кое било на дното на реката, околу 10 метри под вода.
– Отпрвин мислев дека е само кул шише, а потоа кога го зедов, кога сè уште бев под вода, можев да го прочитам зборот „ова“ на хартијата – изјави Доукер за „Си-Ен-Ен“. „Тоа беше некако како „Holy Smokes!“ Тука имаме порака во шише. Кул! – додаде таа.
Таа го покажа шишето, што беше околу 2/3 исполнето со вода, на нејзината прва другарка и потенцијален клиент за нуркање, а потоа користеше мала алатка за да ја извади белешката пред нежно да ја одвитка за да ја прочита нејзината содржина.
Белешката, од ноември 1926 година, гласеше: „Дали лицето кое ќе го најде ова шише ќе му го врати овој труд на Џорџ Мороу, Мичиген и ќе каже каде е пронајдено?“.
Доукер сподели слики од писмото на Фејсбук-страницата на нејзината компанија, која стана вирална со повеќе од 100.000 споделувања и повеќе од 6.000 коментари.
На крајот таа стапи во контакт со ќерката на Мороу, Мишел Примо, која рече дека добила повик од потполно непознат човек кој ја видел објавата на Доукер и решил да и даде информација.
Примо рече дека го препознала ракописот на нејзиниот татко кога ја видела слика на белешката.
Таа рече дека неговиот роденден е во ноември, а тој ќе имал 17 или 18 години кога ја напишал белешката и ја фрлил во реката.
– Едноставно го гледам како излегува и го прави тоа затоа што му бил роденден – изјави таа за „Си-Ен-Ен“. – Не знам со сигурност. Но, тоа звучи како нешто што тој би го сторил – додава ќерката.