„ВО ОВИЕ КРИТИЧНИ МОМЕНТИ, СЕКОЈА РАКА ЗНАЧЕШЕ СПАС“ Благодарност од кочанската болница до медицинските тимови од цела Македонија

Посебна благодарност е упатена до Црвениот крст, чиј тимови, во координација со матичните лекари од Кочани, Велес, Кавадарци, Скопје и Виница, учествуваа во медицинската интервенција.

277

Кочанската болница изрази голема благодарност до сите здравствени работници и институции кои учествуваа во справувањето со трагичната состојба по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Во соопштението од болницата се наведува дека во напорите за згрижување на повредените активно биле вклучени вработените во болницата, Центарот за јавно здравје – Кочани, матичните лекари и приватните специјалисти од градот.






Дополнително, медицински екипи пристигнале од здравствените домови во Берово, Делчево, Виница, Неготино, Пробиштип, Пехчево, Радовиш, Валандово, Кратово, Велес, Демир Хисар, Крушево, Битола и Ресен.

Посебна благодарност е упатена до Црвениот крст, чиј тимови, во координација со матичните лекари од Кочани, Велес, Кавадарци, Скопје и Виница, учествуваа во медицинската интервенција.

Од болницата изразија признание и за приватните компании „Зегин“, „Але Дар“, „Центробизнис“ и маркетот „Кај Тоше“, кои со донации помогнаа во надминување на тешката состојба.

„Во овие критични моменти, секоја подадена рака значеше спас и надеж. Благодарност до Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи за нивната поддршка и координација“, се наведува во соопштението од ЈЗУ ОБ со ПД – Кочани.

Поврзани содржини