ВО МАКЕДОНИЈА НЕМАЛО НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ВАКЦИНАТА БСЖ Продолжува редовната вакцинација
Во Македонија нема документирани несакани ефекти поврзани со примена на сериите на вакцините за БСЖ, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.
Станува збор за серии бр. 6831 од 22.12.2022 година и серија број 807-1 од 11.12.2023 година. И двете серии се целосно искористени до летото оваа година.
Можеби ќе ве интересира
– Во нашата држава нема документирани несакани ефекти поврзани со примена на овие серии. Министерството, заедно со надлежните институции, спроведува дополнителни анализи, а јавноста ќе биде навремено информирана за нивните резултати. Министерството за здравство ќе обезбеди непрекинато продолжување на вакцинацијата со БСЖ вакцина, во соработка со УНИЦЕФ. Ги повикуваме родителите да продолжат со редовна вакцинација на децата според Календарот за имунизација. Вакцинацијата останува најсигурната заштита за здравјето на нашите деца – потенцираше министерот Клековски.