ВО БУГАРИЈА СЕ ЛЕКУВААТ 5 ПАЦИЕНТИ ПОМЛАДИ ОД 18 ГОДИНИ Раните се стабилни, ама ќе бидат потребни пластични операции
Во Бугарија се лекуваат 15 лица. Само двајца од нив се постари од 30 години. Петмина се помлади од 18 години.
„Има и деца и возрасни на респираторно дишење. Сите се третирани според сите правила. Раните се стабилни, но најтешка околност е вдишувањето на гасови во белите дробови“.
Ова вечерва го изјави бугарскиот министер за здравство д-р Силви Кирилов за настраданите во дискотеката во Кочани кои беа примени во бугарските болници.
Тој додаде дека сите останати пациенти се на спонтано дишење, двајца се екстубирани, веќе не се на механичка вентилација.
– Можеме да кажеме дека се во добра состојба на апарати за дишење. Во Бугарија се лекуваат 15 лица. Само двајца од нив се постари од 30 години. Петмина се помлади од 18 години. Рано е да се зборува за испуштање, бидејќи прво – имаме отворени рани кои се лечат и најверојатно ќе биде потребна пластична хирургија, и второ – има оштетување на белите дробови и сѐ уште е рано да се каже што, кога и како ќе се случи. Имаме уште многу долг пат – рече министерот Кирилов.