Внуката на кралицата Елизабета ја одложи свадбата, а принцот Филип прославата на 99. роденден

503

Принцезата Беатрис (31) требаше да се омажи за својот свршеник, мултимилионерот Едоардо Мапели Моци (34) на 29 мај. Меѓутоа, двојката ја разгледува одлуката повторно да ја преместат венчавката. Според пишувањето на странските медиуми, внуката на кралицата Елизабета Втора (93) и италијанскиот аристократ овој пат имаат проблеми поради тешката ситуација предизвикана од коронавирусот .

Поради критичната состојба во северна Италија, поради што многу држави ги затворија своите граници за државјаните од овие региони, би можело да го отежне доаѓањето на семејството на младоженецот на важниот настан во Велика Британија.






– Иако сè уште никој не зборува за тоа дали Италија ќе биде во изолација до крајот на мај, принцезата и нејзиниот свршеник се загрижени за целата ситуација – рекол извор близок на двојката. Тој додал дека се откажани и други кралски настани, како што е прославата на 99. роденден на принцот Филип.

Да потсетиме, пред две недели, Беатрис и нејзиниот свршеник го потврдија датумот на нивната венчавка. Тие се запознаа во 2018 година.

Тие решија гостите да не носат подароци за свадбата, туку да се распрашаат за добротворните организации во кои работат, а тоа се „Голема промена“ и „Крикет носи надеж“. Една од главните цели на овие организации е со помош на крикетот да поттикнуваат позитивни социјални промени во Руанда.

 

 

 

 

Поврзани содржини