ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЛАВИ 36. РОДЕНДЕН НА 17 ЈУНИ ВО СТРУМИЦА „Македонија забрзува“ е пораката што ќе биде испратена

Ова е момент кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа - рече Ковачки.

74

Во среда, 17 јуни, партијата ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години. По тој повод голем народен собир ќе се одржи на стадионот „Младост“ во Струмица од 20 часот.

– Тоа е ден кога ја одбележуваме историјата која нѐ обврзува и иднината која доаѓа. Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која нѐ обединува сите нас, сите кои сме за Македонија која има сопствен пат и сопствена иднина. Се почна во 1990 година на 17 јуни кога беше одржано Основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје. Во среда, 36 години подоцна ќе го одбележиме патот кој го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат. Факт е дека оттогаш до денес за Македонија и за граѓаните патот не беше лесен. Но, патот беше проткаен со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено – рече Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и ги повика сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои веруваат во напредокот на Македонија да дојдат на собирот.






Пораката на прославата е „Македонија забрзува. Наша обврска“. Ковачки појасни дека пораката ја истакнува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да се изгради просперитетна Македонија.

– Ова е момент кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа – рече Ковачки.

Поврзани содржини