ВЛАДАТА ЌЕ ПРОГЛАСИ 7-ДНЕВНА ЖАЛОСТ ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Ќе се изврши и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани кои приредуваат забави

Владата ќе ја донесе одлуката на седница во 16 часот.

617

Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16 часот ќе донесе одлука за 7-дневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави, дознава Плусинфо.

Во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, додека 155 лица се хоспитализирани. Распишана е централна потерница по четворица.






Пожарот во објектот настана од искри од пиротехника.

Настанот кој ја зави Македонија во црно силно одекна во медиумите. Во Србија вторник ќе биде прогласен за ден на жалост поради трагедијата во Кочани, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Поврзани содржини