ВИРАЛНИОТ СПУСТ НА ВОДНО ИМА ЕПИЛОГ Тинејџерот доби писмена опомена во полиција
Тинејџерот кој со велосипед се спушти по рекреативна патека на Водно добил писмена опомена во полиција. Снимката од кавгата кајшто планинар строго го прекорува тинејџерот за пропустот со денови предизвикуваше реакции на социјалните мрежи.
Писмена опомена доби тинејџерот кој со велосипед се спуштате оп пешчака патека на Водно, изјавиле од МВР за „Скопје 1“. Тој бил повикан со татко му во полиција.
Младиот велосипедист објави снимка во кој спуштајќи се по рекреативната патека имаше конлфикт со планинар кој му укажуваше дека вози по недозволена патека и повика полиција.
Инцидентот последните недели ги разбранува социјалните мрежи.
„Во врска со пријавата за управаување велосипед по патеките на Водно каде пешачат поголем број на граѓани, Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од Полициска станица Карпош повикан е малолетникот што го управувал велосипедот заедно со неговиот родител при што истиот е писмено предупреден“, велат од МВР за порталот.