АД ЕСМ ЌЕ ЈА ОБЖАЛИ ОДЛУКАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ТЕЦ НЕГОТИНО „Ќе ги заштитиме интересите на компанијата“

Следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на ЕСМ веќе ги презема сите подготвителни активности, велат од ЕСМ.

485

АД ЕСМ сè уште не го добило решението од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со прекинатата постапка за утврдување незаконитост и злоупотреби при набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, пишува Курир.мк.

Следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на ЕСМ веќе ги презема сите подготвителни активности, да поднесе соодветна жалба, веднаш по официјалното примање на решението, рекле од компанијата.






„Ќе ги искористиме сите правни механизми кои ни стојат на располагање за заштита на интересите на компанијата“, одговориле од ЕСМ.

Поврзани содржини