ПОЕВТИНУВА И СЕ ЗАБРЗУВА ПЛАЌАЊЕТО ВО ЕВРА СО СРБИЈА Земјата се приклучи во единствената област за плаќањa во евра – СЕПА

Во практика тоа значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи. 

1

Со приклучувањето на Србија во Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамки на СЕПА, соопшти Народна банка.

Тоа во практика значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи.

– Србија е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа меѓу петте најголеми партнери во надворешната трговија на земјата, што дополнително ја зголемува важноста на оваа интеграција. Оваа новина е особено значајна и за бројната дијаспора, како и за долгогодишните економски, семејни и традиционални врски меѓу двете земји, овозможувајќи поевтини и побрзи трансфери кон и од Србија – велат од Народната банка.

Поврзани содржини