(ВИДЕО) ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ЈА ЗАСТРЕЛАЛО СВОЈАТА БРЕМЕНА МАЈКА Ужас во американската држава Охајо
Триесет и едногодишната Лаура Илг сè уште била свесна кога полицајците одговориле на нејзиниот повик.
Бремена жена починала откако била застрелана во грбот од нејзиниот двегодишен син во американската сојузна држава Охајо, соопшти полицијата. Триесет и едногодишната Лаура Илг сè уште била свесна кога полицајците одговориле на нејзиниот повик. Илг, која била во 34-та недела од бременоста, се јавила на 911 минатиот за да пријави дека нејзиното дете случајно ја повредило откако и го дофатило нејзиниот пиштолот.
Нејзиниот сопруг потврдил дека му се јавила и сопругата, која врескала и му кажувала да повика полиција. Полицијата објави повик во кој се слуша како Илг избезумено моли за помош.
Полицајците пристигнале на местото на настанот три минути по првиот повик и насилно влегле во куќата, пренесува Sky News.
-Лаура е пренесена во медицинскиот центар „Фишер Титус“, каде што и е извршен итен царски рез, соопштија од полицијата
Властите објавија дека нејзиниот нероден син починал помалку од еден час по повикот, а мајката починала подоцна. Потврдено е дека пиштолот што го добил малото момче бил SIG Sauer P365.
Полицајците го пронашле пиштолот, заедно со чаурата и наполнет магацин. Илг и нејзиниот сопруг им рекле на властите дека пиштолот го чувале во нивната спална соба. Во куќата биле пронајдени и една сачмарка и пиштол „аирсофт“.
Сè уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното обвинителство.