📽️ ЅВЕЗДАТА НА „ИГРА НА ТРОНОВИТЕ“ ЈА ПОМИНА НОЌТА ВО МЕТРО ВО КИЕВ Николај Костер-Валдау за време на тревогата ја помина ноќта заедно со Украинците, спиејќи на кревет на расклопување

Актерот кој го играше Џејми Ланистер пристигна во Украина за да го привлече вниманието на светската јавност кон војната. - За мене беше само една ноќ, но за илјадници Украинци ова е неопходност - порача тој.

0

Данскиот актер Николај Костер-Валдау, познат по улогата на Џејми Ланистер во серијата „Игра на тронови“, ја помина ноќта во метро-станица во Киев, каде што се засолни заедно со жителите на градот поради опасноста од руски ракетни и беспилотни напади.

Актерот беше фотографиран како се вози со метрото, а потоа одмора на кревет на  склопување на перонот, облечен во дуксер со ознаката на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во засолништето имало и други граѓани кои ја поминувале ноќта под земја, како што тоа редовно го прават за време на воздушните тревоги.






Костер-Валдау на својот Инстаграм објави дека ноќта била тешка.

– Ја поминав ноќта во метрото во Киев. Прилично тешка ноќ – напиша актерот. Во друга објава објасни дека за него тоа било само едно ноќевање, но дека за илјадници Украинци засолнувањето во метрото е неопходност за да останат безбедни за време на нападите.

– Мораме да продолжиме да им помагаме на цивилите и да ги почитуваме правилата за кои сите сме се договориле – порача тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNITED24Media (@united24.media)

Дошол по сопствена иницијатива

Костер-Валдау, кој има 56 години, во Украина пристигнал по сопствена иницијатива, со цел да го задржи вниманието на меѓународната јавност врз војната. Во разговор за украински медиум објаснил дека постои опасност Европа постепено да го изгуби интересот за случувањата во земјата, иако потребата од поддршка не е намалена.

– Важно е да продолжиме да ја раскажуваме оваа приказна, бидејќи е многу важна. Затоа сум тука – изјавил актерот. Тој нагласил дека Украина и понатаму има потреба од помош од меѓународната заедница, особено со приближувањето на зимата.

За време на посетата, актерот присуствувал и на претставата „Еднодневен херој“ на воениот ветеран Владимир Тука. Имал можност да разговара и со луѓе кои ги почувствувале последиците од војната, меѓу нив и со маж по име Сергеј, кој ги загубил видот и двете нозе.

Костер-Валдау е амбасадор на добра волја на Програмата за развој на Обединетите нации од 2016 година. Преку оваа улога учествува во активности за подигање на свеста за климатските промени, родовата еднаквост и хуманитарните прашања. Во 2022 година се приклучи и на иницијативата „Stand Up for Ukraine“, која собираше средства и поддршка за Украинците погодени од руската инвазија.

Светската слава ја стекна со улогата на Џејми Ланистер во серијата „Игра на тронови“, која се емитуваше од 2011 до 2019 година. За оваа улога беше номиниран за наградата „Еми“ двапати, во 2018 и 2019 година.

Поврзани содржини