РУСИЈА ГО БАРА СИНОТ НА РОБЕРТ КЕНЕДИ Конор во 2022 година заминал да се бори во Украина, а сега московски суд нареди негово апсење во отсуство

Синот на американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, 32-годишниот Конор Кенеди во 2022 година отпатувал во Украина и се приклучил на Меѓународната легија на Украина. Тој е познат и по врската со Тејлот Свифт кога самиот имал 18 години, а пејачката - 22. Сега е оженет со бразилска пејачка

1

Русија распиша потерница по Конор Кенеди, 32-годишниот син на американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, откако московскиот Басмански окружен суд одобрил негово апсење во отсуство. Руските власти го обвинуваат дека учествувал во вооружениот конфликт како платеник на украинска страна, а доколку биде уапсен и осуден во Русија, му се заканува затворска казна од седум до 10 години.

Во 2022 година, по почетокот на руската инвазија, Конор Кенеди отпатувал во Украина и се приклучил на Меѓународната легија на Украина, иако претходно немал воено искуство. Подоцна раскажал дека бил длабоко потресен од она што се случувало во земјата и дека сакал да помогне.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Conor Kennedy (@jconorkennedy)

Кенеди тогаш објаснил дека намерно не им кажал на семејството и пријателите каде се наоѓа, бидејќи не сакал да се грижат за него или да добива посебен третман. Во својата објава напишал дека бил подготвен да умре во Украина и дека верувал оти војната ќе има големо влијание врз иднината на демократијата. Според неговите тогашни изјави, во Украина поминал околу два и пол месеци, по што се вратил во САД.

Интересно е што неговиот татко, иако не се согласувал целосно со неговата одлука, подоцна изразил гордост поради тоа што Конор застанал зад своите убедувања. Руските власти, пак, неговото учество во украинските сили го квалификуваат како платеништво. Русија со слични постапки има опфатено и други странски доброволци кои се бореле на украинска страна.

За пошироката јавност, Конор Кенеди е познат и по својата кратка романса со Тејлор Свифт во 2012 година кога тој имал 18, а пејачката – 22 години. Во меѓувреме, неговиот живот тргнал во сосема поинаква насока: по враќањето од Украина ги продолжил студиите по право, а годинава се оженил со бразилската пејачка Џулија Бе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GIULIA BE (@giulia)

Поврзани содржини