УШТЕ ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ТУРЦИЈА Вкупно 12 пациенти се примени таму на лекување
Амбасадорот на Турција во Скопје, Фатих Улусој, ги испрати повредените на скопскиот аеродром.
Тројца повредени во пожарот во Кочани денеска со авион се пренесени во болницата Чам и Сакура во Истанбул, Турција, соопшти туркста амабсада во Скопје.
Амбасадорот на Турција во Скопје, Фатих Улусој, ги испрати повредените на скопскиот аеродром.
Во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени, од кои шестмина се во болницата Чам и Сакура во Истанбул, додека другите шестмина во болницата Билкент Шехир во Анкара.
Заменик министерот за надворешни работи и главен преговарач со ЕУ, Мехмет Кемал Бозај, изрази сочувство до целиот народ на Северна Македонија за изгубените животи во трагичниот настан во Кочани. Заменик министерот Бозај во интервју за емисијата „Across the Ballkans“ емитувана на TRT World се осврна на трагичниот настан кој ја трогна Северна Македонија и изрази сочувство.
-Како земји од регионот континуирано се помагаме меѓусебно. Како што се сеќавате, Северна Македонија по разорниот земјотрес кој ја погоди нашата земја во 2023 година испрати тимови за спасување. Така и ние веднаш по овој трагичен настан испративме авиони и 9 државјани на Северна Македонија ги пренесовме во Турција за лекување. Во оваа прилика уште еднаш изразувам длабоко сочувство до целиот народ на Северна Македонија и им посакувам брзо заздравување на повредените – рече Бозај.