УНГАРСКАТА ЗАКАНА ЗА ВЕТО НА ШЕНГЕНОТ ДЕЛУВА Бугарија ја укина дополнителната такса на руски гас

Дополнителниот данок на рускиот гас е укинат откако Унгарија објави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

100

Бугарскиот парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта.

Според бугарските медиуми, и покрај прекините, поради противењето на опозицијата, со гласање беше укината дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, од што примарно е во корист на рафинеријата „Лукоил Нефтохим“.






Дополнителниот данок на рускиот гас е укинат откако Унгарија објави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекуваше годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра.

Поврзани содржини