УБИЕНА ЗАТОА ШТО БИЛА ЕВРЕЈКА? Претседателка на синагога во Детроит избодена до смрт
Саманта Вол била истакната личност во еврејската заедница во Канада и работела на изградба на мостови меѓу Евреите и муслиманите.
Претседателката на синагога во Детроит, Саманта Вол била пронајдена избодена до смрт пред нејзиниот дом во центарот на градот.
Полицијата ја затекнала со повеќе убодни рани и траги од крв кои воделе до нејзиниот дом.
Полицијата во моментов нема сознанија за напаѓачот и мотивот за нападот, но со оглед на моменталната клима, можно е Вол да бил цел на нападот затоа што била Еврејка – се посочува во извештаите од инцидентот.
Вол била истакната личност во еврејската заедница и работела на изградба на мостови меѓу Евреите и муслиманите.
Саманта Вол исто така била претседателката на синагогата Исак Агре во центарот на Детроит од 2022 година и е позната по нејзината работа со неколку демократски политичари, вклучувајќи ја и конгресменката Елиса Слоткин.
Нападот на Вол во Канада индиректно се поврзува со конфликтот во Израел и со пропалестинските протести што се одржуваат во повеќе земји во светот.
BREAKING: Jewish Detroit synagogue president Samantha Woll was found stabbed to death on Saturday outside of her home.
According to the police, they found her with multiple stab wounds and a trail of blood that lead to her home.
Police currently have no motive but given the… pic.twitter.com/N170nef8dY
— Collin Rugg (@CollinRugg) October 21, 2023