ТРИ ВОЗИЛА СЕ СУДРИЈА НА ПАТОТ ПРИЛЕП–БИТОЛА Повеќе повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Могила
Најтешко повредена е возачката на „сеатот“, 54-годишната В.М. од Битола.
Во несреќа што се случила вчера попладне на патот Прилеп–Битола, се судриле три патнички возила – „тојота“, „сеат“ и „мазда“, сите со различни регистарски ознаки и управувани од возачи од Битола, Могила и Скопје.
Најтешко повредена е возачката на „сеатот“, 54-годишната В.М. од Битола, додека полесни повреди добиле нејзините сопатници, две жени и двајца малолетници од кавадаречко, како и двајцата други возачи. Сите се згрижени во Градската болница во Прилеп.
На местото бил извршен увид, а причините за несреќата се испитуваат, соопшти МВР во Билтенот.