🎥 ТРАЈКО СЛАВЕСКИ НЕ ЈА ПРЕПОЗНА ДАНЕЛА АРСОВСКА Градоначалничката има нова фризура, сите слатко се насмеаја
Началник, се извинувам, нова фризура, не сме се виделе. Ве помешав со некој од правен сектор – се насмеа Славески.
Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по објавената видео снимка од Советот на град Скопје во кое претседателот на Советот Трајко Славески не ја препозна градоначалничката Данела Арсовска, која се јави за збор.
Славески го повика следниот говорник, но не го препозна.
– Повелете, бара збор… сега не знам дали од правните… – рече Славески обраќајќи се на колешката.
Како што Арсовска се доближуваше до говорницата, Славески ја препозна и ѝ се извини. Сите се насмеаја.
– Началник, се извинувам, нова фризура, не сме се виделе. Ве помешав со некој од правен сектор – се насмеа Славески.
– Нема проблем, претседателе… Па добро и правен сектор, не е лошо – додаде насмеаната Арсовска.