„ТОА ШТО СУМ ТИ ПРИЈАТЕЛКА, НЕ Ѝ ПОМАГА НА МОЈАТА ПОПУЛАРНОСТ“ Мелони му возврати на Трамп

0

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, со остар тон одговори на новите забелешки од американскиот претседател Доналд Трамп. упатени кон неа и кон Италија, пренесуваат италијанските медиуми.

„Претседателе Трамп, овие континуирани и неосновани напади се бесмислени. Што се однесува до мојата популарност, тоа што сум твоја пријателка сигурно не ѝ помага, но таа не зависи од моите односи со тебе. Мојата популарност зависи од мојата способност да ги бранам националните интереси на Италија и токму тоа го правам“, наведе Мелони во објава на социјалните мрежи.






Таа додава дека тоа важи и за американските воени бази во Италија, истакнувајќи дека нивното користење е регулирано со договори кои Рим ги почитува, и дека тие не можат да бидат еднострано менувани.

„Италија останува суверена држава“, нагласува таа.

Во пораката Мелони заклучува дека нејзиниот политички рејтинг не е тема за Трамп и му порачува да се фокусира на сопствениот.

Објавата е споделена и на италијански и на англиски јазик, при што во италијанската верзија премиерката Малони му се обраќа на Трамп директно во второ лице еднина.

Претходно, Трамп тврдеше дека Мелони повторно се обидува да воспостави поблиски односи со него по американските воени акции против Иран, оценувајќи дека тоа е поврзано со наводен пад на нејзината популарност во Италија.

Поврзани содржини