„НИ ДЕН НИ НОЌ“ Нова поетска книга од Ивица Челиковиќ
„Ни ден ни ноќ“ е книга за тивките внатрешни битки, за ранливоста на човекот и за упорната потреба да се верува во „уште едно утро“.
„Ни ден ни ноќ“ е новата поетска книга на Ивица Челиковиќ, објавена во издание на „Феникс“. Книгата е негово најново поетско остварување и десетта поетска книга во неговиот богат творечки опус.
„Ни ден ни ноќ“ е поетско дело што тивко, но длабоко навлегува во просторот меѓу стравот, сеќавањето и човечката надеж. Овие песни не се обидуваат да дадат одговори, туку го осветлуваат немирот што останува во човекот кога зборовите ќе замолкнат.
Со силна метафоричност и прониклив јазик, авторот создава поетски свет во кој времето, поразот, заборавот и надежта постојано се судираат. Неговата поезија е истовремено интимна и универзална, исполнета со слики што долго остануваат во мислата на читателот.
„Ни ден ни ноќ“ е книга за тивките внатрешни битки, за ранливоста на човекот и за упорната потреба да се верува во „уште едно утро“. Длабоко рефлексивна поезија што се чита бавно и внимателно, а нејзините стихови долго одекнуваат и по затворањето на книгата.
Ивица Челиковиќ е автор на дваесетина поетски книги и романи, добитник на повеќе значајни книжевни награди и признанија, меѓу кои „Млада Струга“, „Златно перо“, „Стојан Христов“, „Стале Попов“ и „Караманов 2023“. Значајно место во неговото творештво зазема и преведувањето на шведската литература на македонски јазик, со преведени педесетина дела од истакнати шведски автори. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на шведските писатели.