ТИШИНА НА УКИМ Најавениот собир не се одржа

Сите студенти кои дојдоа за собирот влегоа во Филозофскиот факултет и ги затворија вратите за медиумите. Студентите кои беа внатре во просторијата ни открија дека се одржал 16-минутен молк во чест на 59-жртви од трагедијата во дискотеката „Пулс“ на 16-ти март.

449

Денес платото пред УКИМ беше празно, најавениот собир не се оддржа. Таму беа само студентите кои по пауза од една недела се вратија на предавања. Медиумските екипи пристигнаа за да известуваат, но нивното присуство не беше добредојдено. Студент со мегафон гласно извика дека не сакаат медиуми.

– Ќе ве замолам уште еднаш без новинари внатре на Филозофскиот факултет. Никој од студентите не сака новинари внатре и сликање на студентите – кажа гласно еден од студентите.






И покрај ова, новинарите и снимателите останаа. Сите студенти кои дојдоа за собирот влегоа во Филозофскиот факултет и ги затворија вратите за медиумите. Студентите кои беа внатре во просторијата ни открија дека се одржал 16-минутен молк во чест на 59-жртви од трагедијата во дискотеката „Пулс“ на 16-ти март.

По денешното случување од Независниот студентски сојуз излегоа со соопштение во кое тврдат дека студентите препознале обид за политизација и одлучиле да не учествуваат во ова, како што го нарекоа „фијаско“, за кое сметаат дека нанесе штета врз угледот на студентите.

„Денешниот собир е директен доказ дека студентите не сакаат политичка инволвираност во искажувањето на своите ставови и беше обид политичката партија Левица да го киднапира искрениот студентски крик! НСС УКИМ ќе поднесе кривична пријава за вчерашното лажно претставување во наше име и ширење изјави во јавноста. Апелираме политиката да се тргне на страна, а кога ќе обезбедиме делување независно од политиката – потоа ќе го соопштиме нашиот став и нашите идни чекори“, соопштија од Независен студентски сојуз.

Вчера, настана конфузија во јавноста. Прво стигна најава од Независното студентско собрание дека ќе има собир во 13 часот пред платото на УКИМ. Но, потоа, Независниот студентски сојуз објави дека истиот е откажан поради политички влијанија. На крајот повторно се огласија  од Независното студентско Собрание при УКИМ во кое велеа дека собирот не е откажан и ќе се оддржи.

Поврзани содржини