167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли на возачите на тротинети низ цела Македонија

Во петчасовната акција низ целата држава најголем дел од прекршоците биле за неносење заштитен шлем и рефлектирачки елек при ноќно возење, а одземени се и два тротинети.

48

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава.

Контролата ја спроведе Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи на 28 септември, во периодот од 17 до 22 часот, а била насочена кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети.






Најголем дел од прекршоците се однесувале на неносење рефлектирачки елек при управување со електричен тротинет во ноќни услови и неносење заштитен шлем.

Најмногу прекршоци, вкупно 81, биле констатирани од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата. На подрачјето на СВР Охрид биле евидентирани 26 прекршоци, а на подрачјето на СВР Битола 23.

Останатите прекршоци биле констатирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи.

Во рамки на акцијата биле одземени два електрични тротинети.

Од МВР информираат дека за сите констатирани прекршоци биле преземени соодветни мерки и изречени санкции согласно законските прописи.

Покрај прекршоците поврзани со електричните тротинети, полицијата во текот на контролата констатирала и 206 прекршоци од друг вид.

Од МВР најавуваат дека продолжуваат со засилените сообраќајни контроли, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Поврзани содржини