СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае со денови

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

0

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.






Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд.

Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Фото: УХМР
Поврзани содржини