ТАТКОТО НА ФРОСИНА ВЕЛИ ДЕКА ВАСИЛ И РОДИТЕЛИТЕ НЕМААТ ЗРНО КАЕЊЕ Најави помасовни протести поради смртта на неговата 22-годишна ќерка

Дали е иронија на судбина или не знам што е веројатно понатаму времето најдобро ќе покаже, но колата откако ја изгазил ќерка ми ја остава пред нашата зграда на Партизанска. Кутрето што го водела под кола било, но не го видовме бидејќи беше ноќ, рече таткото на Фросина за телевизија Сител. Тој рече дека таа кобна ноќ, три часа по трагедијата на Партизанска не се појавил обвинител.

1,751

Нè чека голема битка и нашиот одговор заедно со јавноста ќе биде уште по масовен и посилен. Протести ќе има и уште поголеми, ќе ги приклучиме од цела Македонија, ќе се организираме и пред сите институции од сабајле до вечер ќе стоиме, порача вечерва Тодор Кулаков, татко на младата Фросина, која смртно беше прегазена од Васил Јованов во Скопје.

Тој упати голема благодарност до целата јавност за поддршката.






Последно сознание, кое стигнало до нив, како што рече вечерва Кулаков во Топ тема на Сител, е дека сакаат Васил да го претстават како да „шекнал“ од болка, а тоа е „само поради фактот што им ги земаа телефоните и не можат да комуницираат и бараат друга институција каде да го однесат и да го бранат“.

Бараме, потенцира тој, итна реакција од надлежните ова веднаш да се спречи.

Тодор Кулаков најави дека ќе бара експертиза и од Машинскиот факултет и од други независни тела. Според Кулаков, брзината со која возел Васил Јованов е над 160 или 180 километри на час.

Таткото на Фросина истакна дека ќе бараат максимална казна, казна доживотен затвор.

– Кога ќе се земе кумулативно и преку 40 години казна доаѓаат. Немал право да го вози автомобилот без возачка дозвола, поминувал на црвено, возел под дејство на алкохол, со трипати поголема брзина од дозволената. Ние ги живееме последиците од тоа. Ниту тој, ниту родителите немаат зрно каење, туку само гледаат како и овој пат да се заврши работата – рече меѓу другото Кулаков.

На прашањето што би им порачал доколку ги сретне судијката која одредила таква казна за Васил, родителите на Васил или лично Васил, таткото на Фросина, Кулаков со длабока воздишка одговори дека не би сакал да ги сретне.

– Ние живееме во Дебар маало, тоа е на 200 метри, девојчето како и секоја вечер што си излазе, си излезе сама со кутрето. Слушнавме само брза помош, пискотници и сопругата и ѕвони не одговара на телефон, јас и ѕвонам не одговара на телефон, пиштат полициски коли, гледаме низ прозор 20 полициски возила, специјалци, чуда – вели Тодоров.

На прашање дали осомничениот Васил Јованов бил на местото на несреќата, таткото рече „не“.

– Дали е иронија на судбина или не знам што е веројатно понатаму времето најдобро ќе покаже, но колата откако ја изгазил ќерка ми ја остава пред нашата зграда на Партизанска. Кутрето што го водела под кола било, но не го видовме бидејќи ноќ е. Тоа можам да ви кажам – рече Кулаков.

 

 

 

Поврзани содржини