СВЕТОТ ЌЕ НАТРУПА ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ НАФТА ДО 2030 ГОДИНА Дневната понуда на „црното злато“ ќе се искачи на 114 милиони барели

Капацитетот за снабдување со нафта значително ќе ја надмине побарувачката до крајот на деценијата.

251

Глобалната побарувачка на нафта ќе достигне врв до 2029 година и ќе почне да опаѓа следната година, објави Меѓународната агенција за енергија.

Според агенцијата производството на нафта значително ќе ја надмине побарувачката до крајот на деценијата.






Енергетскиот надзор со седиште во Париз предвидува дека капацитетот за снабдување ќе достигне речиси 114 милиони барели дневно до 2030 година, или цели 8 милиони барели дневно над прогнозата за побарувачката во нејзиниот годишен извештај за нафта која се предвидува да изнесува 106 милиони барели.

– Проекциите на овој извештај, врз основа на најновите податоци, покажуваат голема прекумерна понуда во оваа деценија, што сугерира дека нафтените компании можеби ќе сакаат да се уверат дека нивните деловни стратегии и планови се подготвени за промените што се случуваат  – изјави извршниот директор на ИЕА  Фатих Бирол, пренесоа странските медиуми.

Меѓу причините за падот на глобалната побарувачка, ИЕА ја посочува транзицијата кон електрични автомобили, со подобрување на ефикасноста на горивото за автомобилите со мотори со внатрешно согорување и намалување на употребата на нафта во земјите од Блискиот Исток за производство на електрична енергија.

Според МАЕ, побарувачката за нафта ќе продолжи да ја поттикнуваат азиските земји, авијацијата и петрохемиската индустрија.

Истовремено, се предупредува дека до 2030 година во некои земји, како САД, производствените капацитети ќе бидат значително зголемени.

Извештајот доаѓа неколку дена откако проширената група на производители на нафта ОПЕК + соопшти дека ќе ги продолжи ограничувањата за производство на нафта од 2 милиони барели дневно до крајот на следната година, со исклучок на мало зголемување за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Осумте членки на групата – Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман – во меѓувреме се согласија да ги продолжат ограничувањата за снабдување за неколку месеци пред да ги укинат постепено.

Поврзани содржини