Сведоштво на Хрват со пресадено срце излечен од коронавирус

1,175

Како изгледа борбата со коронавирусот опишува поранешниот директор на хрватскиот Фонд за здравство Вецеслав Бергман, за ХРТ.

– Да се биде на нозе и на свеж воздух е чувство кое не може да се опише. Би им препорачал на сите оние што се неверни Тома да заборават на тоа и да постапуваат по упатствата на штабот и строго да се придржуваат до дадените упатства, затоа што тоа е единствено решение е да се ослободат од тие злобни работи по некое време – вели Бергман.






Иако има трансплантација на срце и со години се смета за група со висок ризик, тој вели дека не верувал дека коронавирусот е толку опасен.

– После 13 дена се чувствувам одлично, хоророт е зад мене, 10 дена беа вистински ужас, имав температура 39, треска, повраќање, дијареја, бев апсолутно беспомошен, но еве денес се чувствувам како нов – рече Бергман.

И до пред неколку дена мислеше вака:

– Јас сум практичен верник и во еден момент размислував да му ја дадам душата на Бога, а Бог не ја сака, толку ми беше тешко – вели тој.

 

Поврзани содржини