СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ ГРАДСКО Девет лица повредени, двајца со тешки повреди

Во несреќата учествувале „ауди“ со битолски и „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки. Повредените се пренесени во Општата болница во Велес.

0

Девет лица се повредени, од кои две се здобиле со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа што се случила на експресниот пат од Градско кон Прилеп, во близина на Градско.

Несреќата била пријавена вчера (30 јули) во СВР Велес, а се случила околу 08:20 часот, кога се судриле патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола, и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Д.Ѓ. од Скопје.






Во судирот со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „хјундаи“ и 45-годишната О.Г. од Скопје, која била сопатничка во истото возило.

Со телесни повреди се здобиле уште три лица од „хјундаи“ – 50-годишната С.Д. и 42-годишната С.П.П., двете од Скопје, како и возачката на „ауди“.

Повредени биле и сопатниците во возилото со битолски регистарски ознаки – 18-годишните М.Д. и А.М., како и двајца 17-годишници, сите од Битола.

Сите повредени биле пренесени во Општата болница Велес, каде им била укажана медицинска помош и биле констатирани повредите.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани содржини