ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЈУНИ ПОРАСНА ЗА 6,5% Преработувачката индустрија го носи растот
Производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни на годишно ниво бележи опаѓање од 3,8%, додека, пак, секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 8,2%.
Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5% во однос на јуни 2025 година, објави Државниот завод за статистика.
Растот, според податоците, го обезбедила преработувачката индустрија која за една година обезбедила раст од 7,9%.
Спротивно, производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни на годишно ниво бележи опаѓање од 3,8%, додека, пак, секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 8,2%.
Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, има зголемувањето на производството во одделите: „производство на други неметални минерални производи“ со раст од 35,6%, „производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 15,9% и „производство на електрична опрема“ со раст од 3,8 %
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,7%, Капитални производи за 8,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,0%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 11,1%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 100.9.
| VI 2026 VI 2025 |
I-VI 2026 I-VI 2025 |
VI 2026 Ø 2025 |
VI 2026 Ø 2021 |
|
|---|---|---|---|---|
| Вкупно | 106.5 | 100.9 | 107.0 | 105.5 |
| АЕ Енергија | 88.9 | 96.3 | 65.8 | 59.3 |
| АИ Интермедијарни производи, освен енергија | 111.7 | 105.4 | 113.9 | 110.7 |
| ББ Капитални производи | 108.6 | 102.1 | 111.1 | 124.3 |
| ЦД Трајни производи за широка потрошувачка | 108.6 | 96.8 | 109.5 | 121.5 |
| ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка | 102.0 | 97.1 | 106.3 | 101.4 |
| Б Рударство и вадење на камен | 96.2 | 97.1 | 98.6 | 90.7 |
| 05 Вадење на јаглен и лигнит | 70.2 | 81.4 | 71.0 | 51.1 |
| 07 Вадење на руди на метал | 101.9 | 95.6 | 95.4 | 87.2 |
| 08 Вадење на други руди и камен | 98.5 | 105.0 | 112.3 | 110.7 |
| В Преработувачка индустрија | 107.9 | 101.4 | 110.9 | 111.3 |
| 10 Производство на прехранбени производи | 98.5 | 101.6 | 97.3 | 91.9 |
| 11 Производство на пијалаци | 111.7 | 109.5 | 113.7 | 120.1 |
| 12 Производство на тутунски производи | 111.8 | 121.6 | 210.2 | 124.5 |
| 13 Производство на текстил | 95.0 | 93.6 | 98.9 | 102.9 |
| 14 Производство на облека | 91.8 | 86.1 | 90.0 | 66.9 |
| 15 Производство на кожа и слични производи од кожа | 113.2 | 92.6 | 108.2 | 90.1 |
| 16 Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал |
179.1 | 118.5 | 131.0 | 172.3 |
| 17 Производство на хартија и производи од хартија |
89.2 | 100.3 | 92.2 | 77.5 |
| 18 Печатење и продукција на снимени медиуми (записи) |
94.6 | 85.2 | 91.8 | 90.1 |
| 20 Производство на хемикалии и хемиски производи |
106.9 | 95.3 | 103.6 | 102.0 |
| 21 Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати |
97.3 | 90.9 | 98.8 | 135.1 |
| 22 Производство на производи од гума и производи од пластични маси |
94.8 | 103.2 | 89.4 | 141.7 |
| 23 Производство на други неметални минерални производи |
135.6 | 132.8 | 173.0 | 204.5 |
| 24 Производство на метали | 111.4 | 92.7 | 108.3 | 62.7 |
| 25 Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема |
110.7 | 100.8 | 108.5 | 52.5 |
| 26 Производство на компјутерски, електронски и оптички производи |
135.4 | 131.5 | 123.2 | 78.9 |
| 27 Производство на електрична опрема | 103.8 | 99.1 | 106.2 | 123.3 |
| 28 Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место |
89.9 | 93.4 | 100.9 | 100.1 |
| 29 Производство на моторни возила, приколки и полуприколки |
115.9 | 103.5 | 117.2 | 145.6 |
| 30 Производство на останата опрема за транспорт |
109.3 | 97.8 | 112.6 | 130.0 |
| 31 Производство на мебел | 119.5 | 105.4 | 119.9 | 140.5 |
| 32 Останата производствена индустрија | 169.0 | 80.3 | 110.6 | 73.5 |
| 33 Поправка и инсталирање на машини и опрема | 93.0 | 104.5 | 90.1 | 167.6 |
| Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
91.8 | 98.6 | 64.9 | 61.1 |
| 35 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
91.8 | 98.6 | 64.9 | 61.1 |