„СИТЕ КОИ ЌЕ ПРЕДИЗВИКААТ ПОЖАР ТРЕБА ДА ЗАВРШАТ ВО ЗАТВОР!“ Стојанче Ангелов апелира да не се палат огнови и скари во шуми

Исчистете ја сувата трева и грмушки околу вашите домови и викендички и направете заштитен појас.
Не палете стрништа и пасишта. Внимавајте при користење алати кои создаваат искри, како брусилици и апарати за заварување.
Земјоделците да внимаваат при користење уреди за плашење птици кои можат да предизвикаат пожар, предупреди Ангелов.


1

Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на пожари и го успориле нивното ширење.






– Но, периодот со врнежи заврши. Високите температури, ниската влажност на воздухот и променливиот ветер создаваат услови за брзо настанување, ширење и тешко гаснење на пожарите на отворен простор. Доволна е само една искра. Најголемиот број пожари настануваат ненамерно. Граѓаните најчесто не сакаат да предизвикаат пожар, но едно невнимание може да доведе до сериозни последици – рече тој.

Ангелов апелира граѓаните да не фрлат отпушоци од цигари на отворен простор, особено од возила во движење и низа други апели.

– Не палете огнови и скари во шуми и на места со сува вегетација.
Исчистете ја сувата трева и грмушки околу вашите домови и викендички и направете заштитен појас.
Не палете стрништа и пасишта. Со тоа го загрозувате животот на луѓето и имотот, а сторителите ќе бидат санкционирани.
Внимавајте при користење алати кои создаваат искри, како брусилици и апарати за заварување.
Земјоделците да бидат внимателни при користење уреди за плашење птици кои можат да предизвикаат пожар – рече Ангелов.

Тој ги повика граѓаните секое сомнително однесување веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бројот 112. Ангелов ги повика граѓаните да пријават лица кои носат сомнителни течности, факели, големи петарди или други предмети и активности што можат да предизвикаат пожар.

– Во услови на екстремно високи температури, потребна е максимална внимателност. Една искра може да предизвика голема трагедија. Сите кои ќе предизвикаат пожар треба да завршат во затвор! Аларм! Тревога! Ве молам бидете внимателни! Доволна е искра за страшна трагедија! – рече директорот на ДЗС, Ангелов.

Поврзани содржини