СТОПАНСКА БАНКА ДОНИРАШЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД КОЧАНИ 200 засегнати семејства ќе добијат 250.000 евр

Финансиската помош ја наменивме за семејствата кои се борат со огромната тага и се справуваат со последиците бидејќи препознаваме дека им е потребна максимална поддршка, порачаа од Стопанска банка.

40

Стопанска банка соопшти дека ги поддржува засегнатите од трагедијата во Кочани и дека продолжува посветено да обезбедува помош.

„Веднаш по немилиот настан, Банката им помогна на медицинските центри кои ги прифатија настраданите, а неколку дена подоцна ѝ помогна на болницата во Кочани да опреми и отвори советувалиште кое на долг рок ќе работи со настраданите, семејствата и целата заедница“, велат од банката.






Дополнително, Стопанска банка деновиве одобри износ од 250.000 евра кои почнувајќи од следната недела, ќе им бидат исплатени директно на сметките на повеќе од 200 засегнати семејства.

„Финансиската помош ја наменивме за семејствата кои се борат со огромната тага и се справуваат со последиците бидејќи препознаваме дека им е потребна максимална поддршка“, порачаа од Стопанска банка.

Банката ќе донира и за изградба на детски вело-парк во склоп на проектот „Вози право, вози здраво“.

„Грижејќи се за целокупната заедница, се обративме до локалната самоуправа на Кочани со предлог за дополнителна донација, изградба на детски вело-парк како нова содржина во градот. Донацијата на вело-паркот ќе произлезе од 9. издание на „Вози право, вози здраво“, со што нашиот децениски проект оваа година ќе добие и хуманитарен карактер“.

Од Стопанската банка изразија „огромна благодарност до здравствените работници кои вложија натчовечки напори во помагањето на жртвите за време на трагичниот настан и ќе продолжат да бидат поддршка на процесот на заздравување што следи“.

„Исто така, благодарни сме им на нашите вработени од филијалата во Кочани и регионот за нивната посветеност кон заедницата и проактивниот пристап“, порачува банката.

Поврзани содржини