Стивнува ли пандемијата: 39,7 отсто помалку нови случаи на ковид-19 за една недела
Според Институтот за јавно здравје, опаѓа и борјот на починати за 20,9 отсто.
Намалување на бројот на нови случаи на ковид-19 за 39,7 отсто и на починати за 20,9 отсто, регистрира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во последната недела.
Според извештајот на ИЈЗ, во периодот од 26 април до 2 мај 2021 опаднат е бројот на позитивни од тестираните. Тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, и се бележи намалување од 17,6 отсто во однос на претходната недела.