СТАБИЛНО И СОНЧЕВО, НО НАУТРО СТУДЕНО Еве какво ќе биде времето денеска
Во текот на денот, максималните температури ќе достигнат од 9 до 16 степени Целзиусови, зависно од регионот.
Денешниот ден носи стабилно и претежно сончево време низ целата држава, со благ пораст на дневните температури.
Сепак, утринските часови остануваат студени, со температури кои во поголем дел од земјата се движат под нулата, инфоермираше УХМР.
Во текот на денот, максималните температури ќе достигнат од 9 до 16 степени Целзиусови, зависно од регионот.
Во попладневните часови се очекува постепено зголемување на облачноста, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој повремено може да засили, особено во Пелагонија и долж Повардарието.
Во наредните денови се очекува промена на временските услови. Од утре ќе започне период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, додека температурите ќе останат релативно високи за овој период од годината. Локално, врнежите може да бидат поројни, проследени со засилен јужен ветер.