ЈСП СО ИЗМЕНИ ЗА 1 МАЈ Еве како ќе возат автобусите во Скопје за празниците

Автобусите ќе сообраќаат по неделен ред, а дел од билетарниците ќе работат со скратено или дежурно работно време за време на празничниот викенд.

62

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека за време на продолжениот празничен викенд по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз во Скопје ќе функционира со изменет режим.

Како што соопштуваат од ЈСП, во периодот од 1 до 3 мај, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, односно со намален интензитет согласно празничниот режим на работа.

На 1 мај (петок) и на 3 мај (недела), дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, која ќе работи од 08:00 до 14:00 часот, со цел да им биде достапна услуга на граѓаните.

Во сабота, 2 мај, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат вообичаено – во две смени од 08:00 до 18:00 часот, додека објектите кои работат во една смена ќе бидат отворени од 08:00 до 13:00 часот.

Од ЈСП апелираат граѓаните навреме да го испланираат користењето на јавниот превоз и услугите за персонализација на картичките.

Поврзани содржини