📽️ 📷 СОЛУН СЕ СОЛИДАРИЗИРА СО КОЧАНИ 60 минутен молк или по една минута за секоја жртва во дискотеката „Пулс“

Според информациите на Плусинфо, молкот е започнат, организаторите имаат транспаренти со пораки, а на собирот се придружуваат луѓе.

3,579

Во моментов, на централниот плоштад „Аристотел“ во Солун се одржува собир на Македонците кои живеат и студираат во градот, како знак на солидарност со жртвите на трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Според информациите на Плусинфо, молкот е започнат, организаторите имаат транспаренти со пораки, а на собирот се придружуваат уште луѓе.






Иницијативата за овој собир беше покрената од Македонците кои живеат во Солун, а тие претходно најавија дека планираат 60-минутен молк, од кои секоја минута ќе биде посветена на една од жртвите, вклучително и за возачот на брзата помош, кој трагично почина откако помогна во превозот на повредените.

Како што може да се погледне на видеото насобраните луѓе молчат во знак на почит, рестораните и кафулињата во околината немаат пуштено музика, а единствено во позадина може да се слушне уличен музичар кој свири класична музика.

На собирот ќе бидат пуштени и црни балони во спомен на загинатите, а на социјалните мрежи се објави повик со натписот „Солун се солидаризира со Кочани“.

Во повикот за собирот, организаторите апелираат: „Како еден од засегнатите градови, каде што повредените добиваат нега, ве повикуваме да ни се придружите во изразувањето на нашето најдлабоко сочувство за изгубените животи, за повредените и нивните семејства. Соберете се со нас во момент на молк за да оддадеме почит на нивниот спомен и да покажеме поддршка.“

Идејата за собирот се родила по пристигнувањето на првите повредени во Солун и благодарение на големиот одзив за помош од Македонците во овој грчки град.

Поврзани содржини