СО МОТОРНА ПИЛА НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ Вистинска драма при апсење дрвокрадци

Настанот започнал во четвртокот околу пладне во атарот на селото Стровија, општина Долнени, каде што шумската полиција од Прилеп ги затекнала Т.Т. (33) и Џ.Т. (59) од селото Црнилиште како нелегално сечат огревни дрва.

0

Вистинска драма се одвивала во прилепско, откако две лица биле затекнати при бесправна сеча на дрва, а ситуацијата ескалирала во напад врз полицаец со моторна пила.

Настанот започнал во четвртокот околу пладне во атарот на селото Стровија, општина Долнени, каде што шумската полиција од Прилеп ги затекнала Т.Т. (33) и Џ.Т. (59) од селото Црнилиште како нелегално сечат огревни дрва.

Наместо да постапат по наредбите, двајцата станале агресивни. Во еден момент, 59-годишниот маж замавнал со моторна пила кон еден од полициските службеници, по што двајцата избегале од местото.

По неколкучасовна потрага, полицијата успеала да ги лоцира и да ги пронајде во нивното село, каде што биле лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок, информира полицијата во дневниот билтен.

Поврзани содржини