СО ФАЛСИФИКУВАНА ЛИЧНА КАРТА САКАЛЕ ДА ПОДИГНАТ КРЕДИТ ОД 15.000 ЕВРА Полицијата спречи три лица да го задолжат вистинскиот сопственик на личната карта

Според пријавеното, И.Т., со помош на другите две лица, се обидел во една банка во Скопје да поднесе барање и да подигне кредит во износ од 900.000 денари, користејќи фалсификувана лична карта со податоци на друго лице и фалсификувана кредитна документација.

2

 Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци.

Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.






Според пријавеното, И.Т., со помош на другите две лица, се обидел во една банка во Скопје да поднесе барање и да подигне кредит во износ од 900.000 денари, користејќи фалсификувана лична карта со податоци на друго лице и фалсификувана кредитна документација.

Лицата биле уапсени во моментот на обработка на документацијата во банката, а во координација со дежурен јавен обвинител биле изведени пред судија на претходна постапка.

Поврзани содржини