Вицепремиерот Артан Груби истакна дека СДСМ ќе раководи со Македонска пошта и дека треба да предложи надворешно или експертско решение за нејзина приватизација. Тој во интервју за ТВ24 рече дека се надева дека ќе се изнајде најдобро решение и дека ќе имаме добра понуда.
На прашање дали Словенци се заинтересирани за купување на Македонска пошта, Груби потврди.
Тој потенцираше дека се надева на излез од таквата ситуација, иако состојбата не е толку црна каква што се прикажува.