ТРИ ДЕНА НЕ РАБОТИ СИСТЕМОТ ЗА УПЛАТИ НА СМЕТКИ ВО ПОШТА Наводно проблемот настанал од невремето

0

Граѓани се жалат дека веќе трет ден не можат да извршат уплати на сметки во пошта бидејќи не им работи системот.

– Три дена се шетам по шалтерите во поштите во Скопје и не можам да ја завршам работата. Вработените велат дека имало некаков дефект, но не знаат кога ќе биде отстранет – се пожали читател на Плусинфо.






Неофицијално дознаваме дека проблемот настанал од невремето, и дека ИТ секторот во централата работи на отстранување на дефектот.

Се очекува до крајот на денот системот да биде ставен во функција.

Поврзани содржини